Што значи ако ви се појави крст во талогот од кафето

Ако сакате да дознаете како правилно се пие кафето за да се види од него иднината – прочитајте ОВДЕ. Во првиот дел можете да ги прочитате симболите кои започнуваат на буквите: А, Б, Ц и Ч.

Дно на шолјата: ако е црно – богатство. Ако е празно – сиромаштија и зли времиња, но исто така, може да значи и завршување на грижите и проблемите (нивно „заминување“) и отворање на нови можности, доколку сликата на дното е како навистина да си заминува/истекува талогот.

Дама= чест и признание.

Делфин= радост, веселба и успех.

Девица= брзина, убави вести

Дете= покрстување, кумство, ново пријателство или бебе во семејството, успешна работа и признание. Ако околу него има позитивни симболи – радост, почеток на нешто ново, паричен добиток. Ако околу него има негативни симболи – почеток на грижи и неуспех.

Loading...

Дим= судење

Детелина со 4 листа= голема среќа, успех, можна добивка во игра на среќа.

Друштво со повеќе луѓе= весела забава

Дрво= позитивен знак, радост, успех, остварување на надежта, оздравување, заслужен приход, промена на подобро. Ако дрвото има крошна – ќе ви се исполни желба.

Повеќе дрва- имате добри пријатели, исполнување на желба.

Двоглед= невоља поради некоја сокриена тајна

Дворец= наследство, помош во невоља

Џамија= успех, среќа после тешка работа

Џип= голем успех на работа

Џокеј= шпекулации

Ѓезве= добри вести

Г(буква)= радост

Гајда= разочарување

Галеб= љубовно писмо, љубовен состанок

Гавран= тажна вест, почеток на некоја невоља

Гитара= подарок, почеток на нова работа

Глава= размислување, интелект, одлука. Глава со коса-напредок, добивка. Ќелава глава-среќа, скорешно мажење – ако е на врвот од шолјата.

Габа-Печурка= среќен живот, здравје, богатство. На работ од шолјата – промена во животот. На дното – бидете внимателни во следниот период, но ќе успеете да излезете од проблемите.

Гнездо= среќа во семејството.

Гулаб= писмо со убави вести, среќа во коцка, подобрување но и жртвување. Ако е летно време- носи многу важни вести.

Гондола= ако е на врвот од шолјата – патување. Ако е во средина – нова љубовна врска, романса. На дно- кавга со партнерот.

Гребло= добро ќе се снајдете

Грав= финансиски потешкотии

Грамофон= задоволство

Гранка= помош од пријател при неволја

Грмушка= пријатно друштво

Гроб= несреќа, смрт, тага, губиток. На дно-смрт во семејството. На страна- смрт на некој од околината.

Гром= покажи се јавно

Грозје= во зависност од околните фигури: несреќна љубов и разочарување или плодна и искрена љубов.

Loading...