Скопјанката Биљана по 33 дена ја победи короната: Искушение кое ме научи дека здравјето и љубовта кон семејството и взаемната сила се највредното нешто

Скопјанката Билјана Тасева е училителка во основното училиште „Љубен Лапе“ во Скопје и таа е еден од пациентите кој ја добил „битката“ со коронавирусот. По 33 дена поминати на Инфективната клиника во Скопје или како што таа вели „во другиот свет“ на фејсбук го раскажа овој предизвик, односно искушение кое ја научило дека здравјето и љубовта кон семејството и взаемната сила се највредното нешто.

Со својата објава споделува пофални зборови за докторите. Вели дека деновите помината во болница се патешествие кое ја натерало да влезе во оној друг свет, свет на доктори и сестри. Тие со последните свои атоми се грижат и даваат се од себе за секој пациент, вели Билјана.

„Трчаа, неуморно трчаа и се бореа, се бореа и за мене и БЛАГОДАРЕНИЕ на нив сега сум назад во надворешниот свет, во оној понормалниот. Но, со другиот дел од себе, останав таму, таму сум и сега со мислите, со сите Вас кои се борите за живот и Ви оставив позитивна мисла и сила колку што можев за да успеете сите, како што успеав јас!“, раскажуваа таа.

Носењето заштитна опрема и држењето дистанца се најважните работи за заштита и превенција од вирусот. Токму таков совет дава Билјана.

А, за Вас кои сеуште живеете без ваква победа, би сакала да ве посоветувам носете маски, држете растојание и чувајте си го здравјето и заштитете ги вашите најмили!!! , вели Билјана во својот фејсбук статус.

Loading...

Ти Благодарам и Тебе Господи, без твојата моќ и подадена рака ова не би го преживела! Амин, заклучува на самиот крај. Целата објава, преземена со нејзина согласност може да ја прочитате во продолжение:

Патешествие и искушение33 дена во друг свет. Свет поразличен од овој надворешниот. Пациентите ти се пријатели и…

Публикувахте от Biljana Taseva в Вторник, 13 октомври 2020 г.

Извор: СКопјеинфо

Loading...