Славната актерка откри детали од приватноста – „Азизе” го дава рецептот за среќен брак

Славната турска актерка Бергузар Корел или попозната како Шехерезад од „1001 ноќ“ и Азизе од „Далеку од дома”, хит серијата на Сител, откри детали од приватниот живот, бракот, мајчинството и кариерата.

Со актерот Халит Ергенч таа е во брак 10 години и го имаат 9 годишниот син Али, па го открива рецептот за долг и успешен брак.

– Како кај сите, така и кај нас. Се разбира, тоа се менува, се трансформира, но никогаш не ја губи својата вредност, доколку е вистинска љубов се разбира, вели таа.

Актерката вели дека во 90-те и било поубаво, биле безгрижни и посреќни, а за синчето вели дека се многу трпеливи.

-Се обидуваме да го израснеме на според нас вистинскиот начин. Ние мора да ги учиме нашите деца трпеливост. За нив треба да бидеме трпеливи. Али, тој е среќен со својот едноставен живот, вели таа и додава дека би сакала и второ дете.