Страшна несреќа во Македонија: Загина 18-годишно момче, две се борат за живот

Осумнаесетгодишно момче загина на лице место, четири се повредени од кои две во тешка состојба, во страшна сообраќајка утрово на патот Пробиштип-Круиште во близина на селото Бучиште.

Осумнаесетгодишното момче В.Ј. од Кочани управувало со автомобил марка „сеад толедо“ со кочански регистарски таблички, а во возилото имало уште четири сопатници на возраст од 18 и едно на возраст од 17 години кои се повредени, од кои двајца се со тешки телесни повреди.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова вели дека според првичните информации на терен, несреќата е пријавена утринава во 4:25 часот, а се случила откако возачот изгубил контрола над возилото по што излетало од коловозот. На самото место е починато 18-годишното момче, две на возраст од 17 и 18 години се прнесени во штипската клиничка болница, а две момчиња се во болницата во Пробиштип.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска вели дека едното од момчињата е со тешки телесни повреди на главата, извршена е интервенција од страна на неврохирург и се наоѓа во шок соба, а второто момче е со повреди на белите дробови и е сместено на Одделението за хирургија.

Извршен е увид на местото на несреќата од страна на истражните органи.