СЗО откри каде можеме да го очекуваме новото жариште на коронавирусот: Таму забрзано се шири…

Светската здравствена организација соопшти дека во САД коронавирусот забрзано се шири и дека може да стане нов епицентар на заразата.

Во изминатите 24 часа, 85% од новите случаи се од Европа и САД, соопшти портпаролката на СЗО, Маргарет Харис. На прашањето дали Соединетите Американски Држави би можеле да станат новиот епицентар на заразата, Харис додаде: „Сега забележауваме големо забрзување. Значи, има потенцијал“.

„Тие (САД) имаат голема епидемија, и тоа епидемија чиј интензитет се зголемува“, додаде Харис.

Најлошо е во Њујорк каде што во понеделникот беа регистрирани 12 илјади заразени, што е една третина од вкупниот број на заразени со коронавирус во земјата. Во Њујорк се потврдени 100 мртви случаи од 560 на територијата на САД.

Властите на Њујорк го повикаа претседателот Доналд Трамп да воведе обврска за изолација за цела нација.

Loading...

„Таквите мерки на изолација кои ги донесоа Њујорк и Калифорнија мора да бидат прогласени на целата територија на САД. Мора да бидат прифатени тие екстремни мерки“, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил Де Блазио.

Инаку, севкупно глобалната пандемија бележи големо забрзување и се очекува бројот на заразени и починати да продолжи да расте. Според последните информации, во светот има над 334 илјади заразени и над 14 илјади смртни случаи.

Loading...