Тасевски: Евровизија го продолжува животот, а не ново амбулантно возило

Актерот Сашо Тасевски се огласи на социјалните мрежи во врска со изјавата дека многу побитно е да се настапува на Евровизија отколку да се купат нови амбулантни возила.

Гомна едни, до нови амбулантни возила ви дошло!

Пари за Евровизија да нема! А фино ви беше три дена ко на дрога од нашиот успех на таа Евровизија. Таа го продолжува животот, а не ново амбулантно возило. И онака сите ќе умреТЕ. Ама Евровизија… Ех, за неа вреди да се умре и млад. Некако те понесува и те прави силен и паметен.

Одма ти паѓа на памет да направиш дупепоказна парада, да го поскапиш бензинот или билетот за у зоолошка градина. Притоа фрлаш клетва на сите твои земјаци во странство, да не се вратат, за да можеш сам да уживаш во евровизискиот севселенски и историски успех.

Само една маана има таа Евровизија. Автентична ШвеЏанка више не можеш да видиш. Онаква блонди, малце пегава на јагодиците со плаво око, висока и витка ѓоа газела. Уствари автентична жена не можеш да видиш. Се извинувам. Северномакедонскиов ми е стварно срање. Не е ШвеЏанка, туку ШвеЃанка, напиша Тасевски на Фејсбук.