Татко ми е политичар – но се срамам да излезам на улица, па дури и моите роднини не ги гледам

Иако неговиот татко има успешна политичка кариера и е одамна јавен лик со големо влијание во опшеството, сепак тоа не го прави среќен 18-годишниот Милан.

Напротив, тој се срами од професијата на својот татко, нешто што му предизвикува големи проблеми.

„Луѓе, пред се да ви кажам, јас моите родители, а особено татко ми го сакам најмногу од сите на оваа планета. Не сум бил скратен во ништо, сите мои желби ги исполнил, фала му на Бога.

Како помал можеби и не разбирав, а и друго време беше. Сега секој има компјутер, секој има пристап до интернет и социјалните медиуми. Многу нешта влијаат за она што ќе го кажам без размислување.

Иако татко ми е политичар мене лично ми е срам да излезам надвор, да прошетам по улица и да се сретнам со луѓе, пријатели, роднини.

Причината е тој, поточно неговата профестија која можам да кажам дека е опасна и гадна, и тоа како.

Постојано гледам како го навредуваат, омаловажуваат, па дури и ние членовите на семејството сме мета на критики и закани.

Верувајте тешко му е и него, но и нас, имаме голем притисок, ова не е живот“ го заврши својот исповед, синот на политичарот.