Тажна приказна за нашите иселеници: „По потекло сум од едно мало ПЕЧАЛБАРСКО СЕЛО што се наоѓа во Источна Македонија“

Исповест што кружи на социјалните мрежи, а која решивме да ја споделиме со вас …

По потекло сум од едно печалбарско место што се наоѓа во Источна Македонија. Во нашето село нема куќа од која не се отселил некој, но речиси и да нема ни нормални куќи, туку само раскошни вили и замоци. И повеќето од нив се празни и со спуштени ролетни 365 дена во годината.

Една комшивка која инвестираше преку милион евра во вила со 15 соби, базен и парцела од 5000 квадратни метри, пoчина минатата година, а не дочека да замине во пензијата.

Но нејзините деца се родени во Швајцарија, цел живот живеат таму, основаа свои семејства и секако дека не им паѓа на памет да се вратат во селото на мајка им.

Најтажно е што тие ја продадоа куќата, која изгледаше како замок од бајките и сета земја за само 150.000 евра.
Од една страна, драго ми е што барем некој ќе живее во оваа прекрасна градба и што ќе ужива во убавината што ја граделе со пари заработени со пот и мака повеќе од 30 години, а од друга страна, жалам што оваа жена буквално го помина целиот свој живот градејќи и инвестирајќи во оваа куќа, во уредувањето на имотот што нејзините деца го продадоа, и тоа за смешни пари и што е најжално – куќата никогаш не им ни требаше. На никој од нивното семејство.

Loading...

А нејзиниот сон беше да го направи тоа за доброто на нејзините внуци, за тие еден ден да можат да живеат таму и да се чувствуваат како господа. Но таа живееше промашен живот. Нејзиниот сон не само што беше илузија, туку и една голема мака, како за неа, така и за нејзините родители кои останаа сами до крајот на животот.

Фото: Илустрација

Денес шетам покрај нејзината куќа и ги гледам децата како се играат во базенот и си мислам, е моја Васке, да го знаеше ова, дали би живееле поинаку. Тажен сум секогаш кога ќе помислам на неа, но и на сите мои стари пријатели и комшии што заминаа и никогаш повеќе не се вратија.

А можеше сé да биде поинаку…

Извор: Гламур

Loading...