Тажни вести за фановите на Истанбулската невеста – ПОПУЛАРНАТА турска актерка во очајна состојба

Шармантната турска актерка Асли Енвер која на нашата публика е попозната како „истанбулска невеста“ важи за една од најплатените актерки во Турција.

Но и покрај тоа што на деловен план во последните години и оди многу добро, во љубовниот живот не и цветаат рози. Имено, Асли три години беше во брак со својот колега Биркан Сокулу. Но тие се разделија во 2015 година, а по бракот ќе се вљуби во нејзиниот колега и музичар Мурат Боз со кој работеа заедно на филмот Мој брате.

Таа минатата година ги извести своите фанови дека повторно е среќно вљубена, но среќата траеше до пред неколку месеци кога сите медиуми во Турција објавија дека Мурат ја оставил Асли по три години врска.

Сепак, нивната приказна не завршува тука. Таа пред неколку месеци призна дека му дала уште една шанса, и покрај тоа што нејзините блиски не се согласуваа и ја предупредуваа да не го прави тоа. Но убавата актерка реши повторно да се впушти во љубовна авантура со музичарот кој за кратко време повторно ќе реши да ја прекинат врската затоа што наводно не можел да ги трпи љубоморните испади на Асли и нејзината желба за контрола. Целата ситуација ја донесе до психички слом, а извор близок за турските медиуми откри дека познатата актерка почнала да се чувствува непријатно и непосакувано и дека сега има проблем со самодовербата.

„Ни еден маж не ме сака зашто што не сум убава како останатите актерки. Усните не ми се доволно големи, очите премногу ми се вовлечени и изгледам депресивно заради обликот на моето лице“, наводно се пожалила истанбулската невеста пред една пријателка, пишуваат турските медиуми.

„Претешко беше кога се разделивме. Тоа е најлошо во врската, но тешко е и кога вашиот партнер не може да ве разбере на вистинскиот начин. Секоја врска е поинаква, но најважно е лицето со кого сте во врска најпрво да го гледате како човек, а не како момче или девојка. Тоа е најдобар начин да поставите темели за здрав однос“, изјави бринетата која призна дека до следниот брак не би сакала да живее со маж бидејќи мисли дека нивната љубов на тој начин би се потрошила, а проблемите би останале нерешени.

Loading...

Момчето ја остави пред олтарот

Асли Енвер домашната публика ја запозна по нејзината генијална улога на Суреја Дениз Боран од популарната серија „Истанбулска невеста”, што беше една од најголемите и најуспешните улоги во нејзината кариера.

Актерката со кипарско потекло Асла Енвер има 34 години и е една од најпопуларните турски актерки на сите времиња. Родена е во Лондон и живеела таму се до нејзината дванаесетта година. „Мојата баба шиеше униформи за англиската војска, па Британците ја викнаа во Англија. Таа отиде во Лондон со своите шест деца. Татко ми со мојата баба и браќата долго живееше во Лондон. Од друга страна, мајка ми беше едно дете, и кога заврши училиште, отиде во Лондон за да научи англиски и се сретна со татко ми, меѓу кои се роди голема љубов”, вели таа за турските медиуми.

Таа зад себе има неуспешен тригодишен брак со актерот и манекенот Биркан Сокулу. По разводот во 2015 година за турските медиуми изјави дека повеќе не верува во љубовта, но по некое време како да се предомисли.

Таа беше три години во врска со 38 годишниот музичар Мурат Бозу. Иако ја остави непосредно пред венчавката, Асли сепак одлучи да му прости и да му даде втора шанса. Тие се запознаа на снимањето на турскиот филм „Мој брат“, а по долгогодишната врска одлучија да се венчаат.

Но пред да се случи венчавката, Мурат ја остави и избега во Мајами. Го промени и бројот на телефонот, а тоа го направил наводно поради нејзините љубоморни испади. Но тој неодамна побара прошка од неа за сето тоа што го направи, па убавата турска актерка реши да му даде втора шанса.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Но и овој пат се случи истото…

Таа многу ги сака животните и кога не е на снимање, помага во некој од центрите за напуштени миленици.

Loading...