Ти се поклонувам хероју и голем човеку.. Ти пукна срцето за Македонија: На 38 години почина Владимир Карапетров

На 38 годишна возраст ненадејно почина Владимир Карапетров Македонски, на социјалните мрежи познат како голем и неуморен борец за Македонија, човек кој остави свој белег во отпорот против промената на името.

Негови пријатели и соработници масовно се простуват со него на „Фејсбук“, а меѓу нив и познатата пејачка Анета Наковска.

„Душа боли, солзи не запираат! Ах, Влатче! Нека ти е светол патот, душо пречиста“, напиша таа.

Кога срцето ќе пукне, значи дека преполно било со јад, тага, чемер и грижи.. Безизлез од поробената држава за која до последен здив пишуваше, се бореше да ги освестува неосвестените, времето и го посветуваше на мајка Македонија, патриот, тврдоглав и со многу топли чувства за својот народ и држава, упорен воин и патриот Македонија да остане на Македонците!

Македонците да се помират и заедно да ја спасиме Македонија! Тоа беше еден од неговите последни текстови!
И ќе биде запаметено како негова последна желба!

Loading...

Ќе биде впишан како неуморен борец и голем патриот во срцата на сите кои го познаваа и знаат колку беше насмеан и позитивен.. Ама позади насмевките се криеле и многу грижи и за децата на кои требало да им обезбеди, освен леб и сол и уште многу нешта за живот и нормален развој, кои тешко ги обезбедувал во поробенава и ограбена држава.. Зарем му било лесно, најчесто една плата како таксист!

Замина на 38 години, многу млад, татко на четири деца, сопруга и стара мајка, утринава од инфаркт, кречел кај тетка му, силно се закашлал и паднал од скелето мртов! Многу тажно и болно!

Не можам да поверувам Влатче, но, ќе морам да ја прифатам оваа сурова и толку тажна вистина!

Ти се поклонувам хероју и голем човеку.. Ти пукна срцето за Македонија!

Сочувство до дечињата и семејството!
Да ти се слават делата и името твое+

Виолета Петковска

Бог да го прости Владимир Карапетров Македонски Царство небесно… Многу ми е тешко. А толку беше полн со живот имаше само 38 год. Пред некое време ми рече: “Брат и без организација и без лидер ќе се бориме, ќе ја спасиме Македонија, нашето се виде, за децата…”
А сега децата и Македонија на кого ги оставаш? Колку е овој живот лажовен. “Покајте се и измирете се со Бога денес, зошто утрешниот ден не е наш”.

-Томче Ширков

Погребот ќе се одржи денес, на гробиштата во Ѓорче Петров, од 13.00 часот!

Loading...