Тие ќе преживеат апокалипса: Земји кои ќе бидат спас при случај на зарази кои би го уништиле човештвото

Истражувачите тврдат дека откриле 20 најдобри засолништа во случај на избивање на пандемија која може да го унишо човечкиот вид.

Во студијата „Приоритизација на островските држави како засолништа при екстремна пандемија“ научниците од Нов Зеланд, кој е прогласен за второ најдобро место за криење од апокалиптиична пандемија, користеле низа строги критериуми за да ги намалат можностите. Помалите острови исфрлени се од конкуренција затоа што им недостасуваат низа средства кои може да ја поддржат модерната цивилизација.

Секое потенцијално засолниште мора да исполни услови во поглед на оддалеченоста од друите копнени места, природни опасности, располоѓливи ресурси и број на посетители кои годишно може да се примат.

Социјалната стабилност исто така била една од клучните фактори. Истражувачите, професорот Ник Вилсон и докторот Мајк Бојд доделиле бодови на секој елемент, за да го намалат изборот на идеални кандидати.

Нивното истражување е објавено во магазинот Риск анализис,а ја прогласилот Австралија за идеално засолниште од глобалната пандемија, пред се благодарение на обилната енергија и храната на тој контитент. Меѓу првите пет најдобри места за засолнување од светската пандемија се наоѓаат во Нов Зеланд, Исланд, Малта и Јапонија. Следуваат и Барбадос, Куба, Фиџи и Јамајка.

Бојд рекол дека најлошо сценарио може да биде заразата со генетски модифицирани организми кои луѓето намерно или случајно ги ослободиле.

„Мораме да бидеме подготвени на вакви ситуации3, рекол тој.