ВНИМАВАЈТЕ!Во Македонија кружат ФАЛСИФИКУВАНИ ПАРИ во евра и Американски долари

Во рамките на своите надлежности, како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари или странска валута, НБРМ и во текот на 2015 година успешно продолжува да ја извршува функцијата на експертиза на фалсификувани пари.

Во однос на извршените експертизи на доставените сомнителни книжни и ковани пари деноминирани во странски валути во 2015 година, од вкупно 670 направени анализи се утврдени 599 фалсификувани пари и 71 оригинална пара. Во вкупниот број фалсификувани книжни пари, најзастапени се книжните пари во евра (303 парчиња) и американските долари (137 парчиња).

Loading...