За овие хороскопски знаци Април ќе биде полн со стапици и ризици

Овој месец ќе биде прилично возбудлив, исполнет со стапици и ризици за овие два хороскопски знаци.

Рак
Април е месец на длабоки промени, а астралните влијанија ќе бидат најинтензивни во подрачјето на кариерата и сите примарни улоги кои во животот ги извршувате, а кои бараат одговорност. Интимниот живот би можел да заглави во слепа улица, а посебно во првиот дел од месецот.

Планетарните аспекти ќе предизвикаат напнатост во интимните односи, а можеби и ќе бидат причина за зголемување на недовербата и спротивставување на секаква форма на компромис.

Ако успеете да го победите своето его и ако и дозволите на другата страна повеќе простор да се изрази, да објасни и без страв да ви каже што мисли за вас, а вие притоа да не се лутите, ќе бидете на многу добар пат кон разврски и продлабочувања.Како резултат на забрзаното животно темпо и стрес, можен е пад на имунитетот, ќе бидете многу лесен плен за вирусите, и ќе морате неколку дена да лежите со зголемена температура.

Скорпија

Loading...

Април е еден од месеците во годината кога работите не се развиваат онака како што сте ги замислиле. Тешко ќе ги избегнувате конфликтите, а како резултат на Сонцето енергијата ќе биде во пад.

Ќе биде потребно да го побарате изгубениот мир. Вие кои сте познати по својата самоувереност, кои секогаш одите со високо подигната глава и смело го барате тоа што го сакате, сега ќе наидувате на отпор од страна на блиските, лесно ќе се сопнувате на препреките кои нема да ги гледате и имате послаба волја.

Се работи само период на привремена нестабилност, во кој би можеле да го изгубите интересот за партнерот или да се соочувате со неговото незадоволство, или пак можеби со своите дилеми кога е во прашање иднината на односот.

Loading...